стварен прид.

стварен (прид.)

Над секоја чинија се крева по една нестварна грмушка од пареа и се губи во ладниот воздух.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Смртта овде може да биде сфатена литерарно како стварно исчезнување на животот, психолошки како уништување на смислата на Себството, или еколошки како при природните несреќи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Србин мирно посматраше како темнината се одронуваше од стварните облици на поединостите во пејсажот пред него како роса, капка по капка, поронува некаде в земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа е единствениот обид на сериозно сидрење на визуелните уметности во технологијата и психодинамиката на стварното и виртуелно исчезнување, една од ретките културни пракси која се обидува да го исправи општото отсуство од дискусии за деструкцијата во општеството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но тогаш согледав дека можам да уживам во љубовта и во радостите на стварниот свет и почнав да ја мразам болницата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Теоријата тврди дека лингвистичките искази имаат смисла само кога можат да бидат корелирани со стварните состојби на нештата во светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Модерните примитивци се застапници на предхристијанските идеи за истражување на духовноста низ телото, коешто е единствен пат за стварно искуство во една медиски потполно загадена стварност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таквото дело, во стварното тело на уметничката, заоѓа во имагинарната неутралност помеѓу субјектот и објектот во која го става гласот на преживеаниот којшто ја претставува болката на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бев како зајдена. Смртта на близок не се чини стварна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еден ден виртуелниот свет можеби ќе го победи стварниот свет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Самосвесната софистикација на современиот интелектуален дискурс стои во јасен контраст спрема Мецгеровите субјективни „зборови“, емоционалните зборови што збунуваат, но коишто се непогрешиво стварни, директна експресија на замешаниот, страсен, лут и заплашен виктимизиран човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сепак, „природноста“ на овие граници обично е повеќе привидна отколку стварна: зашто расните, јазичните и културните разлики премногу често се манипулирани од страна на националистичките идеологии кои сакаат да ги легитимираат веќе постојните граници преку создавање, јакнење, или истакнување на овие разлики a posteriori.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Секој суд, во текот на целата постапка, по службена должност внимава на својата стварна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ќе мора тој сега тешко да го расчистува патот до стварното, без помошта на претходното насетување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој го навредуваше Големиот Брат, ја осудуваше диктатурата на Партијата, бараше веднаш да се заклучи мир со Евразија, се залагаше за слобода на говорот, слобода на печатот, слобода на собирањето, слобода на мислењето, хистерично викаше дека револуцијата била изневерена - и сето тоа во еден брз и многу сложен говор, кој беше еден вид пародија на вообичаениот стил на ораторите на Партијата, па дури содржеше зборови од новоговорот: повеќе новоговорни зборови, всушност отколку што кој било член на Партијата нормално би ги употребил во стварниот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој тип фразирање е стварен пример на „повторување со разлика“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А сепак, колку што можеше да се сети, никогаш во стварниот живот не чул ѕвонење на црковни ѕвона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Доколку од тоа се изроди некој кој не дува во истиот рог, стварен бунтовник, настапува паника во целиот театар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе