створи св.
створител м.

створи (св.)

Мислам, не ми беше право, иако жената е створена таква, сѐ да може да поднесе трипати повеќе одошто мажот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да се гневни на тебе за нешта кои ги створила самата ситуација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ти го створи светот, некој треба да го одржува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Па што бара сонцето кај смртта дома? Се затемнува ли како осветлен филм или блеснува јарко небаре животот е пладне створено за излив на крвта?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тоа не значи дека сите етноси во Македонија треба да се денационализираат за да се створи некаков наднационален граѓанин кој подоцна би бил дизајниран според потребите на глобалните политички интереси.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Провидно ми е телото и душата провидна, Не знам дали сум створен или измислен, Не знам дали сум сегашен или иден Штом сум провиден и невиден?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Една и единствена. Инспирација со светска сила. Створение кое е неповторливо. Муза на планетата Земја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Коските на долапот растурени како стари гробишта лежат измешани со сенката на оној што некогаш ги створи ги нема бисерите ѕвездени во водите да тежат ни утрото по класјето и ридјето да гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Удри гром над главите створи пукнатина, белите скалила што беа спуштени, застанаа пред нозете на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Геа, со раскошни гради, мајка на сите створенија... била сосема сама по себе уроборос... змија која ја гризе својата сопствена опашка, алфа и омега...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Ги предупредувале за да не се створи неред на патиштата.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Куќата ѝ е темна и мрачна; сѐ што гледа наоколу ѝ е црно; во нејзината глава се створија меѓи на нивјето; половината овци, говеда, двата вола, едната маска, една куќа, па дури и бакарот, и вршниците ги виде разделени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По него стана и Куле, но додека тие се фатија за рачиците, Адем се створи пред воловите и почна да се дере: — Што лежите, бре магариња стари, што сте остајле волојте сред угар, а вие лежите на тревата, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше некоја малечка сликовница, никој и никогаш не ќе може да објасни од каде и како беше створена во домот, малечка сликовница на која беше прикажана една мошне привлечна жена во различни пози.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ниту Бог ја створил, ниту ангелите, ниту се отпрвин створени* и примени од Бога како што се тоа еврејските, римските и грчките?“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Очите ми се две влажни модринки на лицето, твоите ириси модри сливи; Палиш темјан, нане и босилек, и без мирисот што куди знам- ти си ми злиот дух; Сонував како ми се откорнаа трепките и се створија врски како долго кораво влакно, јамка на вратот; Се гушев Маја, таму во сонот ми;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, зошто свет маж ги створил, а грчките, пак, букви многубошци.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Повеќе