стерна (ж.)
Некои велеа дека живее во мало куќиче на крајот на градот, сето обраснато и обвиткано со бршлен и анамска рака, покрај која минувала браздата што доаѓа од стерната на Аузо (така го викаа изворот што се наоѓаше под високиот рид исправен над градот).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И зошто да кријам, бев среќна дека барем неговиот сон ми верува штом ја отчепил стерната за да дотече вистината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Божји Слап. Преслап. Дума. Казан. Стерна кај Стење. Светена Водица.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да ја криеш секоја горчлива солза, да осетиш како е да губиш сѐ, а не можеш да побегнеш, зошто ледениот здив на животот душата ти ја претвора во стерна, а пламенот од светиот оган телото ти го претвора во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко ми ја напушти и последната претпоставка од дното на свеста дека Чанга со козите открил подземен излез од тврдината до оваа стерна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најпосле престана дури и да мисли на стерната, на оваа заборавена гробница на минливоста.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Она, што подоцна можеше да се нарече крвави последици од скршениот излог всушност и настана токму од тоа мирно свлекување на стаклениот џамлак низ кој наеднаш , како низ одзатната стерна, добитокот шумно потече.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Колкава била неговата болка, која низ дрочните води од подземните стерни на Деринкују не можеле да ја стишат и исцелат?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стерна ќе сум вечна. Ако повтор дотечам Песна ќе су бесконечна.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
По долго слушање на гргорот од стерната, тој неразбирлив јазик на утробата на земјата, татко ми забрзано се враќаше по истиот пат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но одговори тој немаше ниту тогаш крај езерото, ниту сега, пред оваа стерна крај реката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но овде, од длабината на стерната ги слушаше довикувањата на Чанга и мекањето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со текот на времето, престана да оди до стерната.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
О, секое одење по печурки
разговор е со демонот на преобразбите
Овидиева тема, протејски мерак
подотворање на умот
најава на оностраниот моќен сурат
на стерната, стијата, привидот
и тоа најмногу кај оние кои
на овој свет се мислат
свои на свое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сѐ уште нема име. Викајте го Стерна.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тука, уште порано беше открил една напуштена стерна, длабоко, темна неизвесна. Се доближуваше до неа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Несотрена, стрвна стерна
стенка под Преспа, пресипана
од едната
во другата очна
длапка.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Такви се тие, се плашат од оние на повисоко, но кога ќе го изгубат стравот, го губат и срамот, се ослободува стерната, и течат секакви води.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Напати, кога беше преморен, од ноќта мината во читање, слушаше од длабината на стерната зарипнато, прекинато гргорење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Заоѓање_Стерна
Здивени од ужасна убост -
сурија коњи на литицата
се успиваат со две езера
во очите, а третото
го сонуваат. 32
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)