стимулативен (прид.)
Гледајќи така и смеејќи се како божем збунето и наивно, ме пресече стимулативното прашање на еден од неговите другари.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Имено, со централна одлука на матичната фирма АД „Топлификација“ – Скопје, на Надзорниот одбор на „Топлификација Битола“, му е наложено на седница да предложи мерки со кои на вработените ќе им се запира од платата т.н. „стимулативен дел“ – позитивен или негативен стимул, во зависност од тоа каква била наплатата од корисниците на услугите на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Времетраење на дејството: секое вовлекување на дим предизвикува моментален стимулативен ефект кој брзо потоа се губи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)