стоплува (несв.)
1. НА ЛАНСКИ ОГНИШТА НЕ БАРАЈ ОГАН - но ако ги вилнеел љубовниот пожар и ланските огништа стоплуваат кога во спомените да ти пламенеат можат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ракијата те стоплува околу срцето и после полека, ко некое бубаче-лазаче, ти шета по сите дамари.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но на отворената врата се судрив со домаќинката, со нејзината подгрбавеност или набожна покорност од која и манастирскиот камен се стоплува. Ми рече нешто.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како што одминуваше времето, така душите им се стоплуваа, а со тоа и чудни настани им извираа низ устите обликувани во низи зборови што се таложеа во мене молчаливиот, стутканиот меѓу колената на татка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И потаму земјата под нозете се стоплуваше.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можеби сонувал свои соништа и можеби се чудел како можат толку, до болка, да го стоплуваат секаквите партали во кои како од раѓање да бил заплеткан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Погледнав кон црквата. Околу неа тремовите изгледаа празно и студено. Кога има луѓе, се стоплуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Надежта е сила, не сум сам. Прегратка која ја стоплува душата.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)