стопува (несв.)
Додека го слушаше својот учен пријател како со чудесна точност ја изнесуваше природната сага на јагулите, Татко не престануваше да трага по нови моменти во согласието меѓу движењето на своето семејство и патот на јагулите: „Зар коските на јагулите, по херојското патување, по љубовната обновувачка екстаза не се стопуваат, исчезнуваат на едно место?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бодлер, којшто очигледно повеќе пати го доживеал тоа искуство, го опишал во Поемата за хашиш на следнов начин: „понекогаш се случува личноста да исчезне и објективноста во вас да се развие така неприродно што посматрајќи ги предметите од надворешниот свет, заборавате дека и самите постоите и наскоро се стопувате во нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Арсо се убедуваше веќе дека помеѓу нив се стопува различноста и нивните преживувања се еднакви.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но тоа го сторив за да ги повредам; бев сосема свесен дека тоа е исто како кога пишуваш театарска критика да го нападнеш артистот за некои пороци што тој ги има во приватниот живот, а сосема да ја оставиш на страна неговата ролја; но јас имав право на тоа, затоа што нивната ролја се стопуваше со нивниот личен живот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во тој случај, ако Бојс бил, како што вели печатот, „контроверзен уметник“, тешко е да се замисли дека тој сѐ уште може да биде контроверзен со една изложба која вешто го стопува она што е различно, а суптилно го брише она што дава место за дискусија. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Неговото приближување е само сладосно греење во душата, задоволство што ги стопува немирите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во САД, реалноста и масмедиумските нарации се стопуваат во едно, така што е мошне тешко да се направи разграничување меѓу она што е фикција и она што е вест.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„А добитокот, а колибата? А моите дома?“ му ораат низ глава тревожни мисли и чувствува дека, му се врти од тоа пред очи и пак замижува, и пак почнуваат оние бранови, оние кругови, онаа црвена боја во која сѐ се стопува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во селото ретко слегува, замо по најважна работа, и бргу се враќа горе, зашто долу, меѓу куќите и луѓето, се чувствува малечок, ситен несигурен; навикнат сето ова да го гледа одозгора, во помали димензии, одовде му се гледа огромно, го плаши, чувствува дека го стопува во себе, му ја одзема онаа слобода што ја има горе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Според една верзија на митот, дури, Прометеј донекаде го губи својот посебен идентитет, стопувајќи се со карпата на која е закован. 56 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ја гледа в очи и се стопува со неа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)