стрвен прид.

стрвен (прид.)

По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
4. Стрвна спирала Штом премногу претскажуваш стрвна астрална спирало милост имај за трпеливите за лифчињата на душата врз коишто го истураш штедро твоето мастило моровата моќ, индигото од тебе зависи дописот со небесата ритамот и римата, или и ти не можеш ништо кога густината се ретчи комплексите малаксуваат согласјата се упростуваат - само Отецот сам самцат стихува сушноста – сушта суштина суштествено суштествува всушност, меѓу четири ѕида стисната слободата ѕирка, се ѕвери нагоре, а таму (уууууууууууу) сѐ се движи во обратна насока гледано одоздола ааааааааааааааааа: или времето оди наназад или човекот е свртен наопаку опак Закону, злорад Реду приказание, Име имаш ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Несотрена, стрвна стерна стенка под Преспа, пресипана од едната во другата очна длапка.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Низ калдрмата, одвреме-навреме, ќе се стркала по некоја шеќердисана мисла стрвна по уште троа шеќер-локум и шербет-кафе и троа троичка сусамче и марципан од први мераци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ти кажав, еве Трајче, нека ти каже, тој ме знае, јас сум многу стрвен на жени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
2. Од збор до зло-дело Се згрозив, Бела Троице18живата реч ја сведов на зашеметен шум зелен страв и црн смев иронија алегорија карикатура убавото го нагрдив оти видов на секоја педа од домот мој похота по туѓ имот стрвност по стихијност ставање рецки на почеток и крај во историјата (за да може да се викне „мое“ и да се потегне!) оти видов луѓе се насладуваат во јадот на ближниот се ситат ненаситно еда просто ситење својствено човеку створу божјему, ѕверу, укору! оти очите ми претекоа од гледање зборот ми се преврте наопаку - опак камшик очигледен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една морничава волча осаменост, едно здружено проклетство на гладот, една погана стрвна заснованост околу, со која го изврзуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко сега само ја гледаше таа парталава прилика, таа кобна сенка на сѐ што е измачено, и нејзината изострена, прегладнета и премалена од тоа муцка, што просто болеше со тоа колку беше бессилна, додека лудечки матниот поглед од неговите чиниш празни, чиниш истечени и без никаков одблесок очи, бликаше со една тапа стрвност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)