стриктен (прид.)
Ова е еден бизарен пристап, бидејќи теоремата на Гедел може да се примени само на модели на умот кои се базирани на машини чие цело знаење е кодирано во логички изрази, и во кој модел единствените „ментални операции“ би се состоеле од стриктни изведувања на формули само од информацијата кодирана во системот од самиот почеток.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но јас сиот свој живот го поминав без некој увид во поединостите и без стриктна самоконтрола.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Благодарејќи на стриктната хронолошка организација, „Мислењето како форма“ помага во разбирањето на Бојсовиот прогресивно- редуктивен пристап кон бојата во шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе уште и стриктна забрана за секаков вид психичко вознемирување на работно место – мобинг.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)