струпка (ж.)
Ѓаволи, ѓаволи на ниски коњи крилати. Голи жили пресечени, гнојни струпки нелечени, триста тајни неречени. Гради да скинеш, очи да избиеш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А велат, кој ќе ѝ поверува на жена му на Комесарот најмилото му се нафрлува уште истиот час со струпки“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Гласот тенор, распеан, дури весел: - За духовитоста им благодарам на струпките и трњето.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)