студиски (прид.)
Остварил и студиски престои во Берлин и на Школата за визуелни уметности во Њујорк.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
А Баге, како и неколкутемина суспендирани соработници од другите редакции, од тој пристигнат материјал драматизираа скечеви, дијалози и вицеви, кои потоа вештите актери ги говореа во микрофон со гарнир од студиска музика и наштимуван аплауз.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во триесеттите години патува на студиски престои во Франција, Англија и Италија, кадешто, во Рим, останува и да живее.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ќе ѝ пристапиме од три страни: (1) како на супкултурна практика – суптилна, сложена и тешка за теориски опфат – која почнала да се испитува во еден малечок, но значаен корпус на дела од областа на квир- студиите; (2) како на тема во машкото геј- писмо; (3) како на студиски проект, бидејќи и самиот предмет ќе претставува експеримент за самиот процес на иницијација што се стреми да го осознае.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Приредувачите на студиското издание на Фројдовите дела на ова место укажуваат на Квинтилијан, римски реторичар кој во своето дело De institutione oratoria (1,6) прашува: „Смееме ли да се согласиме со тоа дека некои зборови настанале од своите спротивности, како што е на пример, “lucus” , шума, бидејќи таа е затемнета со сенки, слабо осветлена (luceat)?“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сега во 94 % од студиските програми има песни од мјузикли.“6
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)