судира несв.
судирање ср.

судира (несв.)

Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државички, откако ќе им се дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Царски е патот на змиите: ја сечат отмено поврвнината на брановите, легнуваат по карпите тивко, како сонце на залез се лизнуваат меѓу нозе очи в очи се судираат, исчезнуваат без страст, без отров секогаш совест од којашто извираат водите, се ведат змејчињата за да се одржи невидливата рамнотежа - услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Колективизмот е точката во која се судираат прогресивната филозофија, социјалната теорија и милитаризмот на современите држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пак ќе се вратам во кривиот ќорсокак и пак ќе се судирам со Баждера, со агентот и со сивите жители.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Смртта и животот често, пречесто се судираа, а поретко се разминуваа во животот на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Замавнуваа една кон друга и се судираа како да ќе се борат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Фигурите тропаат, судирајќи се – коњот со кралицата, топот со пионот, во испрекинатиот од по црно-белата табла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Значи, тоа е бетон, - разбра Ване, судирајќи ја својата танка чаша со неговата дебела кригла во подразбирлива наздравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Има одбрани предели во светот, кајшто се судираат копното, водата и воздухот, и од каде најсилно струи духот. Таков е пределот на Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мешаница од гласови што се настигнуваа и судираа, го полнеа воздухот со поткреснување, извици и виење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Најпосле, стигнавме на самата гранична линија, на линијата на која се судираа две времиња, две идеологии, надежта и безнадежноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко беше свесен дека потрагата по чистите јазици е облик на утопија која брзо се судира со природноста на еволуцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Напротив, тој беше создаден за мечтател, во кого мислите знаеја да закружат високо, и во кого не едно чувство и не една желба се посреќаваа, се подгреваа, некои и се судираа, но никогаш да поминат во страст и во пројава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во неа запирале империи, се судирале, заминувале, оставале свои граници, свои трајни белези на присуството!
„Граница“ од Луан Старова
Живеејќи и судирајќи се со самата револуција на Ататурк, во нејзините пресудни периоди, а понесен од своите младешки идеали, лишени од секаков конјунктурен компромис, од секакво профитирање од состојбата во која се наоѓав благодарение на високата позиција на Фетхи-беј Окијар, јас во себе ја зацврстував аргументацијата дека револуцијата на Ататурк за лаицизација никогаш не ќе биде докрај успешна и целосна доколку не го опфати и муслиманското население на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во ова време најмногу се учи од историјата која вжештено тече во Цариград, во време кога се судираат две цивилизации и на повидок е нешто трето, за кое треба да се избориме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така во вечната Картагина, во сенките на урнатините на старите цивилизации и палминото лисје се судираа концепциите на владеењето на две личности на патот кон вечната историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се судира со бранови кои поткреваат луѓе, настојува да ги заобиколи или да се префрли преку нив.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе