супериорност (ж.)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Најпогодно време за успешно изведување на операцијата, според британските планери, било зима или рана пролет бидејќи во тие годишни времиња поради непроодност на патиштата можела да се минимизира супериорноста на непријателската механизација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Беше служба која ја наметнуваше својата професионална супериорност, пред прагматичните интереси на политиката, заснована често врз правото на поголемата нација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, на мојата супериорност ѝ дојде крајот; не бев предвидел дека тие, во моментот кога ќе видат дека ја изгубиле идеолошката власт над мене, ќе почнат да практикуваат физичка власт, односно дека, откако видоа дека не можат да ја поробат мојата душа, можат да го поробат моето тело, да ми го одземат; тоа е последниот механизам на власта, пред таа да се урниса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ваквата супериорност во потчинувањето на личноста, на творечките ега, се чини, им даваше посебна еластичност...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Откако се вратив од циркусот, гледав со невидена супериорност на сѐ околу мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Убаво име, - повторно низ насмев му одврати Рада, која уште со првиот чекор ја покажуваше својата супериорност, доминацијата да владее со состојбата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа, маргинализираните пролетери - надничари од сиромашните гета, најчесто, и немаат место во правните судски пресуди, и покрај нивната нумеричка супериорност во стварноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според Ламби партизанскиот успех во оваа фаза пред сѐ бил резултат на големата супериорност во оружјето и нивната поголема мобилност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој потоа рече дека Татко со идеите на Фаик Коница за супериорноста на природните над вештачките јазици, за кои добил поддршка од авторитетните умови на времето како Гијом Аполинер, Реми де Гурмон и други, веќе проникнал во успешното толкување на релацијата вештачки јазици-јаничаризам во генералната тема која им беше од заеднички интерес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, кога човек има најубави идеи, кога од песок гради градови, истовремено го обзема и чувството дека нема смисла ама речиси ништо да работи и тоа му нуди чувство на силна супериорност над сите во светот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Втората светска војна е последниот пример којшто покажува како рамнотежата во светот се одржува меѓу ГОЛЕМИТЕ на сметка на помалите и како првите изнаоѓаат модус вивенди за да ја одржат истата супериорност, барајќи начини како да ја продолжат во нови општествено-политички услови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)