суштествен (прид.)
Кога првостепената пресуда се укинува поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка, во образложението треба да се наведе кои одредби се повредени и во што се состојат повредите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Никој никому не дава одговор
за ништо суштествено.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Можеби, тоа е висина на духовен растеж до која сѐ уште не сум стигнал, но јас, ако задоволството од прочитаното, виденото не го споделам со други, се чувствувам како да не сум исполнил суштествена обврска.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Притоа, за него е суштествен еден поим кој го осветлува рационалниот аспект на човековото знаење - телеолошката заднина, „односно рамката определена од интернализираното знаење која служи да ги определи и одобри активностите на поединецот соодветни на целта и на хиерархизацијата на активностите”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓу обата дела постојат суштествени разлики: едниот е помал град, а другиот со повеќе велеградски белези.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На крајот да го кажам и ова: Актерите се клучниот сценски реалитет, но, одвреме-навреме, потребна е некаква Флоренс да ги потсетува да не прават будали од себе, особено кога не ќе можат да ја согледаат својата суштествена функција - коавтори на претставата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
154. Мисирковава книга во многу погледи претставува и полемички спис, актуализирана дискусија по најсуштествените прашања на македонската национална индивидуалност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Го исполнуваат со суштествени факти за маркантната природа на двократните импресионизми, на модернизмот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Способноста - брзо да се помирувам со двојна негација при гатање на судбината - не остави длабока трага од истрезнетиот реализам врз мојата суштествена состојба.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Второстепениот суд, со решение, ќе ја укине првостепената пресуда, ако утврди дека постои суштествена повреда на одредбите на парничната постапката и ќе го врати предметот до истиот првостепен суд или ќе му го отстапи на надлежниот првостепен суд заради одржување на нова главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најзначаен дел во првата глава е истакнувањето на двата суштествени моменти на идеологијата, за кои авторот смета дека или се мешаат или бидуваат занемарени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во ова решение второстепениот суд ќе одлучи и кои спроведени дејствија, зафатени со суштествената повреда на одредбите на парничната постапка, се укинуваат (чл. 358, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)