схема (ж.)
Разбуди се, му велиш, не се буди
заспиј, му велиш, не заспива
полубудно, полуживо
- распнато по краците
на логичките схеми на контрастите
зависно од глаголот
ти треба начин, временска димензија
просто да знаеш дали си и каде си!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Меѓутоа, ако читателот се обиде - што на крајот на краиштата и мора да го направи - да посегне по нешто „есенцијално“, специфична карактеристика на прозата на Бартелми останува тоа дека која било схема или пристап кон текстот делуваат неадекватно: формалистична и редуктивна постапка наметната на комплексноста на реченицата или текстот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)