сјај (м.)

Во моите очи препозна сонежлив сјај.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
На Балканот разделените народи во променливите и нестабилни граници, во малите држави нации, не можат да се ослободат од митот дека некогаш претставувале големи царства и дека треба да го повратат стариот сјај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Носеше на себе многу свечен зелен фустан, со бели манжетни и бела јака, црни лаковани чевли и црна чанта, а и косата ѝ беше посебно убаво направена, црна, со убав сјај.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Единствено чистачот на чевли на Plaza de Armas знае дека секој тажен ден е бескрајно долг и не се занесува со сјајот на новата епоха отшто во секоја епоха имало и ќе има чистачи на чевли и бескрајно долги денови на тага и на недоветен занес.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Зраците на изгревот удираа во неа и трептежот на нејзиниот полн сјај продираше во собата меко и пријатно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со страв очекуваното вжештување на жолтата боја во чиј сјај просто не можев да гледам стана сеќавање со самото тоа што тоа заслепување го очекував.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Неочекувано една рефлекторска нишка го улови твоето око, ја предаде твојата зеница, и јас го видов оној сјај што дотогаш ми се чинеше поинаков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пријатно блести но тој сјај не е сигнал на есента.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Магнетната стрелка на голем компас трепереше со виолетов сјај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Млада северница која заслепува со својот блесок и сјај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаше мал дискретен сјај на усните и изгледаше прекрасно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сјај на невиност кој откри дека такви жени попуштаат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега не знам зошто одбивав да излегуваме ноќе - заради својата зафатеност или заради сјајот во твоите очи?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На исток денот се распукнуваше во бакарен сјај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од Бадник до Василица, можеби до Водици ќе нѐ будиш со волшебната музика на сјајот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се прашувам колку волшебства крие ноќта во пазувите? Огледала на љубовта со лажен сјај...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Стоеше се така загледан во далечните ѕвезди, а очите му гореа во огнен сјај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На шарени низи ноќе го бесат портокалот со дневен сјај на таинствен обред искубани птици никогаш мој до крај немаме крилца, немаме песна од разбеснет ветер крици во бескрај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пено на ледениот здив На змијата под каменот со претчувство на трпкиот сјај од сончевата трпеза на летото Пено на древниот вруток.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе