таи (несв.)

Ако ги криеш коските на дели млади јунаци тука што лежат по тебе за тија темни дубрави - зошто ги таеш песните?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се таи во најбуното на гората, во еден густеж од дренови дрвја и диви рози заплеткани во бршлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Молчи змијата, Се таи. Си го знае таа Својот пат Над планини И мориња.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Оној кој збори туѓи јазици на соне зазира ли од заветот во којшто „никој не се срами што страда и вика од бол“15 зазира ли од името свое култот свој, па се таи, таи, притајува во еден друг бог - матичен?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Полека темното слегува кон долината и го потиснува здивот што се таи во млаките.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А може затоа ме пика во пазувата за со рацете да стигне до неа, ѓомти случајно, а таа кучката, ќе се таи и ќе се насладува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Усните безгласно му шепотат милосни зборови, за кои ни самиот не знаеше дека ги таи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
9.5 Лута змија Во книгата се таи. Ќе ја поткрене ли како камен? Ќе ја надитри ли со студот свој?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оди, се враќа, молчи и таи, а во него сѐ понапред избива потребата и го гори, да каже кој е и што е.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нешто го изненадува. Зар може навистина во една ваква ситуација да се таи шанса што само вешто проблемско конструирање би ја создало? Или го лажат очите?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бродот чека и ќе чека, зашто во неговото присуство се таи нешто големо и важно, она што го тера да се рие сега во мракот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Синот знае - неговите зборови нема да стигнат до срцето на старицата: во него се таи желба посилна од секакви зборови, од секакви реалности.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе дојди време кога да болсни едно големо сонце Зашто сега над него таи една голема сенка И не се гледа црквата.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И си киниса, си дојде дома. Бидејќи никој немаше дома, Доста не можеше да го таи своето задоволство, та и сама почна да потпева некаква грчка песна и дури ја заигра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дојдов по неа во седум и ја одведов до ресторанот „Ми гропа“ кадешто таа педантно го одвојуваше секое делче месо од нејзиното јадење „пат таи“, ја набљудував додека ги пиеше четирите шишиња „синга“ од по три долари литар, а потоа нежно ја погалив нејзината коса која мирисаше на балсам додека таа дремеше гледајќи го „Терминатор“ во киното во шопинг центарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Големите, тешките мисли ги таеја во себе. Што понатаму? Каде? Како?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дека, ако се таи и расте како меур, таа умее и да преоѓа, и натаму да ги бара сите свои права. Не мораше таа само да разболува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе