таксист (м.)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Таксистот го одмери Александар од глава до петици, и како да беше почестен што седи до него на совозачкото седиште, а не назад што беше вообичаена пракса при користење на такси.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Прв пат во животот видов жена таксист.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Можеби затоа најмногу придонесуваат опитните таксисти, кои најмногу ги полнат истанбулските улици.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таксистот го остави во строгиот центар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таксистот беше фер. Им рече дека со оглед на тоа дека гардата им е зад петици, ќе мора да ги слезе што е можно побрзо.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Му влеговме во колата на еден таксист и уште незатворени вратите, му велам: — Вози колку што можеш и не можеш!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еве ти сто – му ја подава Хорацио банкнотата на шашардисаниот таксист, необично лесно за човек од 111 килограми се извлекува од возилото и исчезнува во градскиот метеж.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Таксистот подголтнува по малку, веројатно си мисли „Што манијак примив во колава!“ и ги врти во главата насилствата врз неговите колеги што им се случија во последниве месеци.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Таксистот повторно звучеше збунето: Како што сакате.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Овие критичари велат дека сме фашисти или педофили или што било, но еден таксист од Источен Лондон би ни рекол, „О, да, вие ја имавте онаа фантастична изложба, добри сте, батко.“
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Го замолив таксистот да забрза и да сврти на левата кривина кај следната крстосница.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со тоа ќе се обележи триумф на сендвич државата и секој втор транзициски Македонец што работи како таксист, а со самиот влез на триумфалната капија налетуете и на циганите кои ќе ве пречекаат скокајќи у прљавата фонтана. Страшен призор на триумфот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Колку различни типови има во оваа професија, помисли, додека пред оголеното теме на таксистот (Гласот баритон / интелектуален лик / по сила – шофер) бришачите рамномерно се поклонуваа ту кон едната, ту кон другата страна на шофершајбната, како да ги подбутнуваа тромавите задници на побавните автомобили.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кај Универзална, девојките се најдоа на тротоарот пред да стигне да им одговори со „догледање“, а пониската му викна на таксистот, кој сакаше да им врати кусур: Не треба. Награди што нѐ препознавте!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ја крена раката и на таксистот му тутна во раката дупло повеќе отколку што беше цената до нејзината зграда.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Ало такси, ало такси, еј такси!“ - се слушаат често повици од некои граѓани по автомобилот со ознака „такси“, но таксистот иако вози празен по улицата, нема да сопре.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)