тамо прил.
тамошен прид.

тамо (прил.)

Ми вели: - Гледај сега! Тамо на едно место живеат едни двајца комшии. Од две вери се.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тамо имало едно големо блато и во блатото илје и милје имало жаби и други водни животники, тамам за штрковите гозба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Еднаш се преесапил, како да е во Охридско Поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да може морето да ја донесло гемијата во езерото и тамо може да се скрши и тој излегол.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие и други зборови беше рекол стариот и беше си умрел, и тамо беше го закопале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тамо најдов еден извор и дрвја со емиш, та си појадов и тамо ноќта прележав.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Летале што летале и приближиле до некое краиште од земјата, слегле и си починале, си попасале тамо троа тревичка, чунки такво било местото што немало никаква животинка рана за штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Прилеп - то е име славно, тамо е живејал некога си крал ни Марко, в него е царувал.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспие!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Приближало времето за да се готват за вамо да идат, пратил пратеници Аџи Кљак-кљак по сите домаќини и сите младоженци да идат тамо за да се прават штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан, дека го носел црпчето на гуша, многу му помогнало да се плашат орлите од него, беше нашол една пештера и тамо беше се засолнал дури се свршил џенгот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А нему му е потребно сега да си влезе во магазинот без да го забележи тој тамо. И тоа е сега негова грижа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тамо работел гологлавечки и јуначки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако рече Господ уште еднаш јас да појдам тамо, три години ќе чинам измет на манастир на Трескавец, на Богородица.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Хаа, не сум Охридско Поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе нема со олку долзи носеви и олку високи во нозете; овие луѓе не се асли како нас, си велел сам со себе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Повеќе