танцува (несв.)

За да му даде друг тек на разговорот, Татко ја праша Мајка: – Кога научи да танцуваш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Чекаше да биде пуштена музиката на која требаше да танцува.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Козаци во долги црни долами заскитани по рѓосаните штипски ридишта танцуваа смртни игри врз испотените плеќи на неоседланите коњи Но не од радост И не од среќа И тоа е пијанство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овде си постојано, ги гледам твоите зеници како танцуваат на моите трепки, а твоите раце се гушкаат со моето тело.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
А толку сакам да танцувам по мелодијата на твојата душа, тука ми е во градиве, во мене, Се мислам ако притиснам да не ја снема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
А босите нозе, како да не ја допираа земјата - лебдеше таа во воздухот и танцуваше во чудесен унес...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Еден ден чичко ми му го кажа тоа на татко ми, но во вид на клевета, а татко ми рече: И ти и Љубица играјте и танцувајте, но да бидете пристојни, со секого кој ќе ве покани, макар и Циган да е, но за време на играњето никако не треба да се зборува, да бидете сериозни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа пак беше осудена на 12 години затвор затоа што танцувала со некој Французин. Премрежиња разни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Под гранката на која стоеше танцуваа две штотуку испилени потполошки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сакав и тебе да те научам да танцуваш. Барем танго.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во прозорците танцуваа снегулки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веднаш ме облева ритмичен машки мрмор: во средината на просторијата диво танцуваат дервиши.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По повод карневалот 1627-та, Војводата Савојски наложува да се изведе балет во кој дванаесет карпи оживуваат и почнуваат да танцуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Не чини, си велам, да е човек и пречестит и прескромен”, и со таа мисла станувам да ја спасам ситуацијата која од пресраменост влегла во ќорсокак, кога гледам - имам што да видам: тие се држат за раце, гувеат и немаат сила да си погледнат ни в очи, а камо ли да се поканат да танцуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го поздравив плашливиот провален провалник кој исто како и јас нестрпливо ја очекуваше вечерта – темнината во која полесно се краде, пие, танцува, сака... (Умирањето е добро и в зори.)
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Го одземаат здивот на мажите, танцувајќи замаено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе