творба ж.

творба (ж.)

Така и Господ, си помислив, трудејќи се и премногу околу најамбициозното создание на својата правдољубивост, Човекот, гледајќи го од височините, ни не претпоставувал, со каква леснотија таа негова творба долу на земјата ги погазува основните начела што тој му ги оставил како своја порака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Историјата, како на нашиот исто така и на другите јазици ни покажува оти секој дијалект, поддијалект, говор и подговор може да се употребува во литературни творби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во холот изложба на ликовни творби: повеќе наградени...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Чудесен потфат да се создаде творба Високите талази на желбите да се збиднат!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нека е господ со нас, вели, оти светот е негова творба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Весник на жителите на Алпите, 01.01.2002 Потпурито од бои – лексички насликано со разноразни зборообразувачки творби и метафори – во Времето на козите од Луан Старова го отсликува и потцртува емоционалниот свет на Балканецот кој се регулира преку силната меѓузависност кај човекот во однос на природата и на животните што се одомени во овој регион.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но зарем вредеше да се разурне таа армија од наредени карти врз катедрата пред која се изнесуваа големите хипотези на надворешните сили кои од сите страни демнат да ја разединат и уништат Југославија, версајската творба според јакобинистичките замисли на францускиот претседател Жорж Клемансо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствуваше непобеден медитерански лав излезен во арената на животот, кој зад себе ја имаше оставена живата творба, туниската држава, која остана модел во Магреб и Франција, за избегнатата колонијална војна како во Алжир, ги избегна крвавите последици од религиозните судири.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште повеќе, се работи за една прекрасна творба на човечкиот интелект, во која со задоволство можеме да уживаме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најуспешни театарџии се (се мисли на сите неимари на театарскиот живот) оние кои своите духовни творби смело и гордо ги бојат во партиски бои и внимават со ништо да не ја засенат својата партиска опортуност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мозаиците и фреските во црквата Хора во Константинопол, покажуват енергија, свежина и убавина во споредба со кои италијанските творби изгледале примитивни и сурови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зошто и самото создавање на идеални творби, на пример, математички, изискува, како што тврдеше Хусерл притоа не извлекувајќи ги сите заклучоци, вклучување во она што тој го нарекува “духовно тело” на пишуваното.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Авторот објавуваше дека неговата слика е вештачка творба, и дека и тој самиот е дел од неа, што е мошне духовито.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако театарската творба е природна работа, тогаш и оние што ја перцепираат вршат нешто слично.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имено, стравот е тема што ги окупира хероите на Набоков во многу од неговите творби, било да се тоа романи, раскази или драми. (...)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само затоа што тие нови творби се наводно толку бистри и шизички и тренди, не дошле на ред за погрднана етикета... сѐ уште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе