тврдоглавост (ж.)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во својата душа дедо Димо искрено ја држеше страната на Дуковци, цврсто се радуваше на нивната тврдоглавост, па кога утрово ги виде како жнеат, она негово „Да ви се позлати српот“ беше најубава желба што еден селанец може да му ја упати на друг.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сепак ги влечеле колилата оставајќи зад себе меки лепешки и издржувајќи ги животинските патила; луѓето ги хранеле со силата на својата тврдоглавост и со безнадежноста на иднината од која не можела да прожугне ни дива чекутина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Она нешто малку кукулинци што останаа под изгорената црногорица, одамна, речиси од дните на првите порази под Отоманијата, престанаа да се чудат, поточно сѐ повеќе прилегаа на дедовците, кои по познатата тврдоглавост се оддалечуваат еден од друг и станале секој свој свет во себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нашата тврдоглавост сѐ повеќе се оклопуваше со бездушност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Постарото, машкото, ја наследи вообразеноста, гордоста, суетата и тврдоглавоста на таткото, па како што растеше, сакајќи да докаже дека е поинаков, постојано ги правеше истите грешки што ги правеше и татко му.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не се крстеле - ќе ја скршат тврдоглавоста на човечето во стуткана мантија и ќе ја омажат осаменицата, Доце Срменков не се стопил во капка восок за да не може да ја обогати со рожба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој беше строен, човек со мерак убаво да се облече, а она што кај него понекогаш ќе ни се стореше одважност, беше изгледа повеќе инает или, што е поточно, тврдоглавост.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Пожртвуваноста на Ана... - Нејзината привлечност е во она што ти во неа го негираш, она силното во неа ти го презираш, зашто можеби, од некоја тврдоглавост, сакаш да му се спротивставиш.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Внимавај бре каде ќе втасаш со својата тврдоглавост!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Баш се чудни и неразбирливи брановите: ем знаат дека неизоставно ќе плеснат во брегот и ќе се распрснат што и Господ не може да ги спои во две капки, ем севезден одново се стројат во недобројни колони и итаат, итаат токму кон брегот – како да се на светско првенство во упорност и тврдоглавост.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Најчестите значења кои му се припишуваа на инаетот, според Камилски, беа: тврдоглавоста, гневот, лутината, упорноста, кавгата, каприцот, подивувањето и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)