тематизира (св. и несв.)
Проблемот на балканските недоразбирања се поставува на глобално ниво: се говори тука и за стремежот да се создаде еден јазик за целото човештво, па, да речеме, се тематизира епизодата (а може и многу да се научи од неа) со обидите за создавањето на есперанто.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Уште повеќе, жените во државниот социјализам беа во директна зависност од државата, придружена од намалената директна зависност од нивните мажи, додека категоријата на моќта како конституирачка за односот меѓу мажите и жените не беше тематизирана.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
И ако литературата, според моето гледање, задржува за себе некоја повластеност, од една страна тоа е затоа што таа го тематизира настанот на пишувањето, а од друга, поради она што во текот на политичката историја ја врзува со начелната овластеност да „каже сѐ“, што пак на единствен начин ја приведува кон она што го нарекуваме вистина, фикција, привидност, наука, филозофија, закон, право, демократија. 4Кој беше влогот за тие описи?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)