темелен прид.

темелен (прид.)

Но не барајте овој пат да се впуштаме во темелни објаснувања за тоа како е создаван тој небесен простор и каква е целта на необичниот зафат околу времињата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На нив можеме да гледаме како на темелни маниристички форми, но и како израз на силните напнатости меѓу природата и духот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потем двата лика се зафаќаат со темелни семантички расправи за културолошките консеквенции од вселувањето и припитомувањето на овие зборови во балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојата темелна деструкција ревносно пелтечи низ монотонијата на избезумените интриги.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Националистичкиот кич ги прокламира своите темелни идеи: национален суверенитет и привилегираност на единката втемелена на соодветна крвна група.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога авангардните движења пропаднаа, општествено конструктивните погледи во уметноста паднаа во немилост, што го предизвика општествениот ескапизам на ортодоксниот модернизам и доведе до криза на темелните вредности во периодот на постмодернизмот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
При тоа сфаќам една своја темелна грешка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа после темелното миење се користеше за шеќер, брашненце и останати домаќински работи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И така, јас останав без темелна верска наобразба и култура, а го немав наследено ниту спокојното верување на моите родители, особено кога ни беше тешко во животот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку и да е длабокоумен или темелен тој човек.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се качи горе во плевната, наполни едно кошниче со јаболка, за да има секогаш при рака, па се прибра во колибата, која сега, по темелното чистење и средување, имаше празничен изглед.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
147 „Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се: - основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот; - хуманизмот, социјалната правда и солидарноста.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Групираа и прередуваа комбинации на мајмуни по потреба: за храна, за откривање резерви со нови мајмуни, за слабостите и силните страни на поединците и колективите, а на крајот од секоја темелна пресметка, изгладнето напаѓаа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Поетот остана сосема рамнодушен кон идејата дека медиумот на писмото би можел да му овозможи на текстот темелна автономија, со тоа што ја израмнува општата разлика помеѓу дословниот и фиктивниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во самиот град, исто така, постојат темелни дупки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Седејќи лице в лице дуќанџиите лесно откриваа во неа темелна и решителна жена; никој не можеше да го издржи нејзиниот поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите тие три нешта се поврзани со нарцизмот, којшто сигурно е темелна претпоставка на секој книжевен чин, но не би смеел да биде и негов резултат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе