тивне (св.)
Ќе тивнат малку болките и пак ќе се накренат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чекалната се расчисти и тивна. Останаа неколкумина седнати молкома по клупите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И штурците никако да тивнат: си свират, ништо не ги запира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Така, вели, само смртта не може да тивне од работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)