тивок (прид.)
- Доаѓаат... - се слушна тивок глас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нејзината самота беше нејзината последна тивка молитва.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тивко ветре завеваше, свирејќи низ голите гранки... откинувајќи ситни праменчиња мов од стеблата на буките...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Повеќе не се нервирам, решив да преживеам. Гледам како малите тивки патриоти ги преместуваат кириличните книги во подрумите, на своја рака, се разбира, но еден ден потомците ќе им бидат благодарни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тивок, жежок ветар, ги носи огновите кон нас и фрла жарје и паулици сред сувите треви.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сум подвлегла во некоја тивка дремка и ги сонувам оние од кои се плашам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доаѓај ми, доаѓај ко ноќта Сета болка може да се стопи в тишината на средбата темна кога ништо в немир не го ниша класјето на двете тивки тела.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Му се чинеше дека испливува од длабочините на тивка вода.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сакаше еднаш и таа да ги потпече на тивок оган.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тивката августова вечер им помагаше да можат да слушаат далеку.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На војничките кациги кирилична закана: Одреди за тивка ликвидација. Организери.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во меките и тивки ноќи на пријатните годишни времиња, обично мајка ми ги отвораше сите големи прозорци, и ние го наслушнувавме дури и дишењето на реката, таа живо нѐ поврзуваше со течењето на времето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сега појасно од секогаш го слушавме тивкиот шум на лисјето на тополите во досег со водите на реката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од зад него сега допираа само уште тивките потлуснувања на огнот, што продолжуваше да се шири, неговата топлина и неговото застрашување, полека и трпеливо да надоаѓа и кон неговиот пар, а по снегот, пламнувајќи, се носеа неговите одблесоци.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше обичај да соопштува со тивка гордост, меѓу две повлекувања од лулето, дека во последните четири години не изостанал од Општинскиот центар ниту една вечер.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)