тил (м.)

Јас сум им свртена со тилот, не знаат дека ги видов на огледалото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе си го видат тилот!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почувствував остра болка на тилот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мислеше дека ме опива првото доброутро на пролетта во таа крастава година да лежам со тил на камен и без трепкање да го гледам движењето на орлите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме свртеа кон ѕид и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Единствено и тој што не се чешла, туку гордо ги расфрлува кадравите перчиња по челото и по тилот и ги сокрива под нив и ушите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Си се удрил во тилот и може да стане потрес на мозокот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Логотетот гледаше во чудното писмо на прстенот и се чешкаше по тилот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каде е Ариф, викаме и им ги држиме автоматите зад тилот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го бутнаа пред себе топлејќи му го тилот со здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа беше врева од која се стегаа забите и се крева косата на тилот. Омразата почнуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се свртев кон мојот адвокат кој гледаше во судијката чекајќи го нејзиниот прв збор и, преку неколкуте ретки влакна на тилот зад неговата речиси гола глава, ни се пресретнаа погледите со Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во библиотеката го чекаше стоплениот стол, отворената книга и незаинтересираните тилови на другите читатели, наведнати над својот дел од масите додека во тишината на читалната се слушаше само повременото превртување на страниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На пладне се редиме на казанот: си го гледаме тилот и кирта на јаките, мрдањето на ушите и вилиците што џвакаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нејзиниот поглед беше закован за тилот на човекот кој за глава се извишуваше над другите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тилот и лицето го брише со шамивче.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јас си ја вртам главата, ама и со тилот гледам дека ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како мал го носеше татко му кркач на манастирски празник, кога во дворот меѓу црквата и конакот беа поставени сергии со барчиња како свирчиња, зашеќерени јаболчиња на стапчиња, прапорци за угичи и порти и прапорчиња за сугариња и капиџици, картонски маски за очите со ластиче преку ушите до тилот, медени колачиња тврди како пилешки срца, до колобајчиња во различни бои, а и шарени како градски велигденски јајца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе