толчење (ср.)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Лево од надворешната порта голем издолбен камен за толчење кафе, сланаток и други зрнени полјоделски производи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тогаш таа се заинтересира за работите што стоеја на масата, па така се зафатија со објаснување, мешање, месење и толчење.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)