топола (ж.)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Преку улицата се протегаше кејот на кој беа наредени четири мамутски тополи посадени уште од османското време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Некаде околу полноќ преку мовчето крај тополите помина друга сенка и отаде низ бавчите накај колибата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Потоа ќе почнело да се збира народ и се чудел народот од кај свири гајда, оти Јоше бил скриен во гранките од тополата и меѓу нив се закрепувал за да не падне одозгора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин го качувал на маса, па после на покривот од меаната и на крајот го качувал и на некоја топола.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Врз моето тело зеленее трева и високи тополи шумат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Во бистрите води на реката патуваа сенките на разлистаните тополи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сега појасно од секогаш го слушавме тивкиот шум на лисјето на тополите во досег со водите на реката.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тивкото ветре што струеше од реката го зафаќаше мазното лисје на мамутските тополи што долги години самееја спроти тврдината небаре решени да ја надвишат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Некаде длабоко во себе го чувствуваше шепотливото шумолење на трепетливите лисја од тополите, нивното палаво поигрување со летното ветре откај Осоговските Планини.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Штом ќе излезам од станицата, зад мене останува темноцрвена тулана. Ме пречекуваат ред тополи и згрчени куќи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На тоа место каде што ја најдов црквата порано бил орман со стари тополи и врби; требало дрвосечачите да пристигнат, да ги кутнат дрвата од кои ќе избичат штици, греди и друг дрвен материјал за да почне да се гради црквата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тополите не испуштаа ни глас ни тупот, туку стоеја сѐ така исправено, иако во дното на стеблото беа пресечени, како со невидлива пила, со нечујна секира.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Првпат дете. Тополи в лулка те легнале слатко те успале...
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Страшилиште било да си меѓу високите чемпреси, платани и тополи, под наклапушените жални врби.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Под една топола... Не под една топола – тополата живее само седумстотини години!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Стоеше до камионот од кој растовараа садници канадски тополи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)