точност ж.

точност (ж.)

Патем речено не сум сигурен точно дали се викаше пионерска заклетва или нешто слично, и не гарантирам во врска со точноста на извадокот од неа на почетокот на текстов.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ме ужасува тоа што точноста на соновникот зависи од нејзината искреност.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И сите решенија почнаа да се исполнуваат со најтанка точност по планот што го подготвуваше коџобашијата со другите советници што беа околу него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Речиси никој не ја делеше нејзината пасија, поконкретно, опсесивност со точноста, бидејќи времето го сметаше за нешто што ѝ причинува најголема тегоба доколку пропуштеше некој интервал или имаше некоја важна секвенца во која таа не беше директно инволвирана.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но, туризмот секако не смее да биде врзан со спрегите на времето и точноста.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека го слушаше својот учен пријател како со чудесна точност ја изнесуваше природната сага на јагулите, Татко не престануваше да трага по нови моменти во согласието меѓу движењето на своето семејство и патот на јагулите: „Зар коските на јагулите, по херојското патување, по љубовната обновувачка екстаза не се стопуваат, исчезнуваат на едно место?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Каде живеел чиновникот што ги беше поканил, за жал, не можеме да кажеме со точност: помнењето започнува силно да нѐ изневерува, и сѐ што се однесува на Петербург, сите улици и куќи се слеале и толку се измешале во главата, што е мошне тешко да извлечеме оттаму нешто што би изгледало пристојно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Е, кога се врати една вечер татко ти од лов на зајаци, нели ни го раскажа она за чија што точност и самата навистина не сум сигурна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој веројатно само утврдуваше каде се наоѓа; или ја проверуваше точноста на оценката што ја дал пред малку за мојата местоположба?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема гнев, нема омраза сѐ е ирелевантна точност или релативна вистина,по ваш избор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мразам точност и прецизност и пресуди донесени како со сатар, мислиш со мач од рекламите за наострени ножеви.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си реков, па добро де, признавам, навикнав на нејзината точност, и сега ужасно ми пречи што јас морам неа да ја чекам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Така, тој живееше речиси во катови, цел ден носејќи некакви неприсутни слики в глава додека ги гледаше присутните, и предвидувајќи ги новите со точност што зачудуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овие раце, продуховени од некоја немирна страст да стигнат и да уловат нешто во теснината на оваа глува дупка, се пуштаат се напред, ја влечкаат влажната мека маса и одново, со точноста на механизам, жедно се провираат под нозете и градите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Половина час во таксито, со Ева, Лех и возачот, бргу ме увери во точноста, но и во непотполноста на препораките на сопатничките од авионот – Полјаците се учтиви, но и весели и зборлести.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во овој наш век нема ништо полековито од времето, од неговото минување, чиј што тек, со една прекрасна точност, длаби корито за секого од нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе