тресне (св.)
Му ја треснала вратата и излегла заканувајќи му се со бастунот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Товарот се лизна од рамо и тресна врз тврдата земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се исклешти и ме тресна со шака по рамо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Волшебникот немаше време да се скрие под некоја стреа, па тешкиот камен го тресна по главата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Палјачото ѝ беше толку смешен на сенката што таа се засмеа, се заниша на гранката и тресна на земја како презреана дуња.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Ако се побуни, тресни ја по глава и укради ѝ го ѓерданот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Некаде во далечината тресна ракетна бомба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се вратиле. Шефот на полицијата го грабнал „јагнето” со двете раце, го кренал високо и го треснал одземи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Вратата тресна наместо мојата глава, и ѕидот на училницата ја оддели девојката, оневозможувајќи ѝ да ме удри.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Шушкајќи нешто низ брадата, пцоста или молитва, го зврте неколкупати околу себе како да бара место кај да го фрли но сепак не го тресна од земја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И тогаш, неочекувано, чиниш столетно стебло паѓа и руши сѐ на својот пат, решително тресна истрел како смрт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тресна во ѕид. Падна на подот и видот му се врати. Виножитата исчезнаа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Како не го треснаа со мајка ми, покојната, рулчето од земи, додека го држеа в раце?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Натоварив сѐ и со олеснување се треснав на креветот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Слушнав како силно тресна надворешната врата, потоа брзи чекори во ходникот и пак тресок на вратата од собата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Александар ја тресна вратата и влезе во својата соба.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но гледај: зад ќошето од кошарата некој од ненадеж му се фрли зад грбот, го стисна за вратот, а друг му ја грабна пушката и го тресна по муцката. Полјакот згасна. Потаму - што стана, господ би знаел!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)