третина ж.

третина (ж.)

Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред средствата за смирување, електрошоковите и лоботомиите, третината од сите оние што доживеале нервен слом и со дијагностицирана психоза биле примени во болница, покажуваше тенденција потполно да се среди и да излезат за три месеци, и тоа без било каков третман, којшто денес по правило се дава веднаш по приемот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До денес не бев свесна дека имам муза. Третина од моето постоење, била покрај мене. Ми била животна инспирација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сакав да ја смирам, да ја предупредам дека јас сум сигурно во првата третина ученици која ќе го помине класот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
94 Непосредно по спуштањето и запознавањето со ситуацијата во Македонија, британските воени мисии во своите извештаи до СОЕ во Каиро нагласувале дека единиците на НОВ и ПО на Македонија се носители на вооружената борба, но посебно потенцирале дека ним им недостасува оружје и дека две третини од борците биле недобро облечени и барале СОЕ да почне со доставување на оружје, муниција, облека, лекови и сл.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Денес 90% од возрасната популација консумира алкохол и, покрај забраната со закон, познато е дека 60% од децата помеѓу 13 и 17 год. купуваат алкохол, и околу една третина од истата група консумираат алкохол барем еднаш неделно, иако се работи за мали количества и дома.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Небески суштества ѝ доаѓале во сонот на мајка му и препорачувале од она што го имаат земено една третина да подарат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Третина од сите работи што сум ги рекол или направил веројатно се банални клишеи, третина е тешко срање а третина се полни погодоци. Тоа е добар просек.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Професорката констатира катастрофален неуспех кај поголемиот број од учениците и нагласи дека, доколку не се преземат итни мерки од секој ученик и родител, може да се случи класот да го повторуваат две третини од учениците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На дваесетти август им исплатив на луѓето една третина од сработеното. Да имаат в џеб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не цело време. Можеби третина од нашето време.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сепак, му успеа ракописот да го заврши некаде во првата третина од последната страница на зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кулик така е заговорник на нова агрокултурна револуција, која ќе донесе нова симбиоза помеѓу човекот и животното; тој сака да ја ограничи човечката популација на третина од сегашниот број за да се воспостави нова рамнотежа во биосферата; но, посебно, тој сака да ги поттикне истражувањата на психологијата на животните кои би резултирале со нов дијалог меѓу животните и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кривичното гонење на уживателите на дрога не го намалува значително нивниот број. Голем дел од населението има пробано дрога (една третина постари од 12 години има користено, на пример, марихуана).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ја слушаше професорката, Мајка сета се собра како клопче во столчето, мислејќи дека и јас сум во безнадежните две третини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Авторот посакуваше точка на ракописот да стави или во првата или во втората третина на последната страница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се обѕрна околу себе и погледот му се насмеа додека го одмеруваше нараснатиот куп црвеникави штици, нафрлани на подот, уште топли од неговиот допир, а од другата страна смалениот за една добра третина куп на истркаланите трупци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе