тропне св.

тропне (св.)

Но да дадеше бог да не тропнеше часот смрт што на сите им прати.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ангели тропнаа на вратата, ти отвори и ѓаволот влезе, те измами, те прелага и рака за рака замина со него...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Без да тропне на металното ѕвонче на капијата, влезе во дворот наврапито и запраша веднаш каде е Татко, без да нѐ погледне нас децата в очи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во воз на влеча немаше плата сметки се редат, фамилија страда извршител крвник тропна на врата кај има сила не барај правда Роди се човек роб биди животот мачен од лопови, гниди секое лето на одмор на Вардар секоја зима на маса со ајвар Пуста да остане економска криза реши да земе иселеничка виза партали собра во Канада слета татковино курво, децата ги еба
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Другиот ден тропнаа на врата и нѐ одведоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа падна врз послужавникот и силно тропна.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Гледајте на ова место дури не прошетал оган нив него Ноќеска ја видов неа тука во птица престорена И на прозорец ми тропна.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе тропнеме на врата, а жените ќе се свиткаат в постела: се преправаат дека се болни или трудни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Срцето ми биеше, бев врапче кога тропнав на вратата од професорската канцеларија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На твојата порта не ќе тропнат Албанци, кои бараат гозби и храна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Живееше тој во Малесија, каде што секој кога ќе тропне на врата наоѓаше заштита, ако на стопанот некој од нив му убил и брата.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ти роднина ли си ѝ? Не ѝ одговорив; ја заобиколив и ја отворив вратата без да тропнам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За Шишмана не се плашеше; кога ќе му тропне третото камче тој ќе искочи како откачен од федер. Штом го чуе да падне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Срцето ми тропна како подлизнат шаржер. Го стиснав со забите со намера да го проголтам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бошко тропна уште еднаш, но дури на третиот пат некој ја подаде главата низ вратничето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ме гледал така и чул нешто му тропнало. Господе боже, може да му тропнала пиралката, може да џвркнала водата кога ги цедев алиштата, кога ги усукував. И водата кога џврчка, така прави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По некое време тропна надворешната врата. Се слушнаа гласови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Затоа сите со душа го чекаа да тропне со барабанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На која врата да тропнам? Им кажувам на луѓето кои ме прашуваат како изгледаше куќата и како изгледаа стопаните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нема сенка за мене, што се вели, ѝ тропна главата на подот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе