тропски (прид.)
Не е како опојниот жар на тропските краеви кој како со тупаница те удира во глава, заводнички и распален.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Гуштерот со своето светликаво тело му ја даде првата најава за поширокиот свет, и како во сон му ја сугерира визијата за тропските предели и џунгли, кои беа населени со фантастично обоени живи суштества.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Раскошните тропски риби од коралните гребени пливаат преку тивкиот океан; обајцата Полардови се големи љубители на подводни филмови.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Дождот престана. Беше тоа како... како сред филм за лавина, торнадо, ураган, вулканска ерупција... како нешто најнапред да се расипало на уредите за звук, придушувајќи и конечно исклучувајќи ја сета бучава, сите експлозии и громогласни ечења и грмотевици, а тогаш како некој да го истргнал филмот од проекторот и наместо него да ставил дијапозитив со мирен тропски предел, што не се менуваше ниту трепереше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)