тројно прил.
троен прид.

тројно (прил.)

Во вашите тефтери сѐ излегува двојно и тројно.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Градот, тројно здебелен, со кариес од чадот на големите фабрики и чир на дванаесетпалачното црево од сообраќајната бркотница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Житата родија тројно, четворно повеќе, а маслинките до земја ги наведнаа гранките, претоварени од род.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Житата родија тројно, четворно повеќе, а маслинките до земја ги наведнаа гранките, претоварени од род.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тој, силниот цар на сенчестите планини, тогај помил ѝ станува тројно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ваквата тројно и четворно зголемена работна рака и давачки, бараа нова организација на производството и постојан надзор, па Акиноските, за да бидат поблиску до Потковицата, од Солун се преселија во Битола и оттаму, во екот на полските работи, доведуваа сакимии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Разговорите со Ѓорѓе траеја до прегрејување. Сметките за телефон тие два месеци беа тројно поголеми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дојдоа некаде каде што тротоарот, поради тоа што тука имаше една голема зграда чие приземје беше некоја стоковна куќа, беше скоро тројно пошироко бидејќи зградата беше значително повнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури и тројно да ја зголемат, не би можел да преземам повеќе од тоа што веќе го сторив.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хегел, Енциклопедија Ова тројно мото нема за цел единствено да го сосредоточи вниманието врз етноцентризмот, кој, секогаш и насекаде, мораше да раководи со поимот на писмото /écriture/.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)