трпеливо прил.
трпеливост ж.

трпеливо (прил.)

Од зад него сега допираа само уште тивките потлуснувања на огнот, што продолжуваше да се шири, неговата топлина и неговото застрашување, полека и трпеливо да надоаѓа и кон неговиот пар, а по снегот, пламнувајќи, се носеа неговите одблесоци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Линиите секогаш продолжувале трпеливо да се оддалечуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето време тој беше постојано свесен дека храната полека и трпеливо му завршува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трпеливо да ја бараме причината за живеење, да станеме родители, да се заљубиме, да доживееме ултимативен хедонизам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа трпеливо ни ги објаснуваше улогите, ни ги оживуваше ликовите што требаше да ги претставуваме, ни покажуваше како треба да го изговориме секој збор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Трпеливо ја слушавме свирката и песната, додека низ салата проблеснуваше некаква таинствена светлина, која само на мигови ги откриваше ликовите на младичите и девојките, а веројатно и - нашите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Свечерувањето пристапуваше тивко и Глигор со едно мирно чувство во себе трпеливо раскажуваше за своето последно бегство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Татко ми загадочно молчеше, трпеливо ја смируваше со благиот поглед на своите сини очи, од кои секогаш зрачеше надеж.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше една нивна борба и тие трпеливо ја прифаќаа и ја изборуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Укажа посебно на сериозноста на пишување проза - што бара трпеливо прибирање податоци, критички однос кон нив, формирање ликови, макотрпна деноноќна работа - некогаш на машина за пишување, а сега на компјутер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некаде горе, некаде високо горе, беа и неколку бели искрички. Ѕвезди. Со нив кроце и трпеливо се поштркуваше цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се најде себе си закопан над колениците во снегот, крај дирата, која полека, трпеливо ја полнеше врнежот. Помисли: Си нашол по кого...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со таа измореност, што му се гнездеше во секој зглоб, и со грчевите глад во стомакот, и со онаа врзаност во своите жили, и со денот, што згаснуваше кротко и трпеливо, сето тоа не значеше навистина ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше тие зборови едноставно да се припитомат, трпеливо да се навлезе во нивните променливи значења во времињата, да се открива од секој од нив атом историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко трпеливо го слушаше, но во еден момент, повеќе во шега отколку како забелешка на излагањето на Камилски, рече: Ќе те прашам, пријателе мој, право да ми кажеш: кој ти е најслаткиот, најмил јазик?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не сум имал досега во животот човек кој толку трпеливо ќе ме чита.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И откри дека она, што нему сето време му се чинело како стапки, било само празното трпеливо паѓање на грутките од тој стежнат окит од гранките на буките, едно такво зачестено паѓање на окитот, што се ширеше од бука на бука и што оставаше долу, во снегот околу стеблата, исти онакви трагови, како стапалки од некоја неповрзана дира.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе