трубење (ср.)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Голема, долга црна кола јуреше на север кон Соединетите држави, рикајќи, влегувајќи во свиоците со преголема брзина, со непрекинато трубење на постојано притиснатата сирена.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во таквите вечери понекогаш можеше да се чуе бродот, неговото трубење ќе ги пробиеше тешките пластови магла.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)