туберкулоза (ж.)
Ги менуваше белите свилени кошули секој ден, а откако во него се всели неумоливата гушителка – туберкулозата, по три на ден.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Или дека свеќи треба да купи од тебе, малку се скапи, ама се волшебни и димот од нив удира баш во правец на несреќата и лечи сѐ, од настин, кашлица и грип до бактерија, туберкулоза и рак, заедно со сите пороци, па дури и зависност од цигари.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кај него беше констатиран почеток на костна туберкулоза, и требаше да се лекува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
— Од туберкулоза или тифус?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Доживеа радост оти Господ ги благослови со ќерка што ја крстија Зоја, ама следните години беа само црна кр во неговото срце: Павлина закандиса туберкулоза и сега деновите ги минува во санаториум, а Зоја е оставена во рацете на дебелата Божана, втората жена на Бориса, неговиот татко.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Боледува од туберкулоза и умира во својата 41 година во еден санаториум во близина на Виена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Братучедот Ристо, дојден во Скопје пред главнината на збегот, со надеж дека ќе најде лек за туберкулозата на жена му, поначесто навраќаше во дрвената барака.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Беше наклонет на музиката и во трговијата не си даде голем резултат. Умре од туберкулоза.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)