тупаница ж.

тупаница (ж.)

Луѓето ни отпоздравуваат со кренати мотики и тупаници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Удираше со тупаница по вратата. Отвори, отвори, пак шушкаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми даваат и чај од богородична трева што на суво се собира ко тупаница, а во вода се отвора ко прстите од раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој го стави српот на рамо, ги потпре тупаниците на колковите и се подисправи за да ја надвие болештината на крстот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеш, миличок, тој не беше од оние посрани интелектуалци Нес Мееш, кои по искуството со болната тупаница, постојано се пипкаат по стомакот да не им се прекине лигавата папочна врска со строгата Мајка Татковина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Детето ја чувствува тапата, влажна муцка врз својата тупаница и уште повеќе се обеспокојува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Трипати ја удри главата со тупаници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сите удираат со тупаници по маса.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И почнаа сите фанатички да се смеат и да ја бијат со тупаници и да ја плукаат по лицето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со глава и тупаници ќе го скрши проклетството што му стои спротива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од вакви села беа оние што носеа во своите тупаници бунт, што прашуваа каков живот ќе бранат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Остануваа уште два-три говорници. Последниот говорник го крена силно гласот, удри со тупаница пред микрофонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Киоскот со цигари и весници е отворен, лебот е дојден од градот, а на пазарчето се продаваат домати како јаболчиња, распукани смокви, презреани краставици и модри патлиџани како дебели краставици, динчиња колку тупаници и калинки колку динчиња, прави пиперки како скротени риби и по некоја шарена лубеница долга како тиква за печење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ни онаа подигната рака, ни онаа тупаница, што се трие по челото, сакајќи барем на некој начин да ја оттурне физички таа слика од себе, тоа сеќавање, таа мисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја стегнав дланката во тупаница. Ја осетив онаа храброст што ја дава стравот и неизвесноста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На крајот, упорните гласови го скршија повеќе и поцелосно отколку чизмите и тупаниците на стражарите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пикник со тупаници ја удираше машината врз грижливо одбраните точки.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Повеќе