убавото ср.

убавото (ср.)

Но на убавиот човек само убавото му се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ги изненади своите посетители со низа архитектонски решенија на објектите, кои на градот му даваат нова физиономија, која успешно се вклопува со старото и убавото на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зар убавото ќе ни го остави?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една вечер ја видов, на мојата улица, токму под мојот прозорец и Луција; беше во првиот ред, со свеќа во раката што ѝ го осветлуваше убавото лице, и извикуваше: „Да живее слободата, да живее новата народна уметност!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оставете, во ѕвездено небо гнездо да свијат Две птички во раскошната убавина на природата во опојниот мирис на занесот во разгранетото стебло на животот каде чувството на убавото се негува а мрачната мисла во сенка, тони во бездната на очајот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти веќе нема да го нишаш моето чедо; седејќи под убавото дрво во овоштарникот кое дава храна и сенка, веќе нема да те полнам со вкусни плодови.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Над платното лежи твојата рака фатена во градината на боите. Ти ми го понесуваш со себе убавото зајдисонце оставајќи ме на брегот по кој паѓа темнината како црни саѓи по белите постели.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тие го одмараат окото на посетителот и го принудуваат да подзапре, и покрај пеколниот шум, да ужива во убавото на најубавата архитектура во Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во убавото има грдо, во лошото има добро, после несреќата доаѓа среќа. И обратно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Такви се работите во општество во коешто владее културата на убавото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Возот беше полн со пролови, излетнички расположени од убавото време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нов свет со црни замки патеки стеснети, опојувања... Во урнатините на мислите умира чувството на убавото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Цитира дури и една нејзина мисла: Ана вели дека ние, луѓето, кога веќе имаме храброст да го доживееме убавото во љубовта, треба да имаме храброст да се соочиме и со нејзините грди страни!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа е една особена книжевна традиција во англосаксонскиот свет во која се испреплетуваат чудесното и возвишеното, ужасното и суптилното, убавото и грдото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Светлоста е непредвидлива обнова на помнењето враќање на филмот со нејасно втиснати фигури на минатото сетни траги од изгубената слобода обид за повторно ослободување враќање назад, во убавото. Како што се враќа помнењето така се враќа - животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пелагија престана да ја негува Пелагија, не ѝ го негуваше лицето, не ѝ ја чешлаше косата, не ја капеше еднаш неделно во дрвеното корито среде одаја, туку еднаш месечно, фустаните ѝ ги врза во бовча а бовчата ја напика под одарот, убавото, мургаво тело ѝ го пикна во стари војнички пантолони, цврстите гради ѝ ги стегна со стишно плетена блуза, косата ѝ ја напика во црн каскет и од мома ја претвори во бербатен маж.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Освен антрополошките особини, постојат уште и разумот, правдата, вистинитото, убавото, значи некакви вредности исти за сите луѓе”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе