ублажи (св.)
Мала е радоста што ја носат спечалените пари за да ги ублажи оние маки кои печалбарот ги трпи во туѓина и немаштијата што ја трпат оние што остануваат дома.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Чуствував како ми буричкаат во свеста и сакав да променам премногу нешта телето веќе притисок ми крена ми дојде даљинско да фрлам во екран Во главата уште ми се моташе ботокс и верглав рефрен од дебилна песна од срањето среќа во несреќа стигна ми заврши запекот се олеснив сместа Сеуште чкрапав ко луд махинално се покајав воопшто што сум се родил слегов до гранап по пиво на рецка од радијација да ублажам бол
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Планините на сабајле треба да се лижат
штедро, скокотливо, одвнатре
по преслапите, по пресеците, по вршниците
дал-господ јазици
и за на небо и за по земја
и под, и над, и пред и по
треба да се диши длабоко, однапред
да се ублажи налетот на дневниот молк
сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Немаш раце да се закрепиш, да го ублажиш паѓањето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Една од главните причини за мамурлакот е дехидрацијата - пиејќи не-алкохолни пијалоци и воопшто многу течност пред и за време на мамурлакот ќе ги ублажите симптомите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сестра му ја осети работата и, чувствувајќи се виновна, гледаше да му ги ублажи болките и сама одеше кај татка си и го земаше Крлето оти сама ја страеше да лежи, бидејќи нејзиниот Трајко беше цело време на колибата, а дома немаше други жива душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На почетокот ова, колку-толку, беше ублажено и компензирано со давање на, во тоа време, популарните „бонови“ на работниците – со кои тие можеа да пазаруваат во локалните продавници и маркети на познати фирми од градот, со коишто директорот имаше личен, пријателски или деловен, однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
ПОРАДИ ТИЕ ПРИЧИНИ некако се ублажи положбата и луѓето се поразмрдаа. Наближи и денот Илинден, селскиот панаѓур на Градешница.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Може си е добро детено, не велам не е,- малку го ублажи гласот, - ама да внимаваш, да не ви снема нешто од дома, има и багабонти во тие домови.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сепак, тој измислил, направил нешто што можеби ќе ја згрижи неговата чувствителна природа, ќе го победи стравот од непознатото, ќе му ја ублажи болката од неможноста да се сообрази со драмскиот агон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Совет: Во случај на зголемена анксиозност или престимулираност, не дигајте паника, останете мирни и најдете некој седатив кој ќе го ублажи дејството на амфетаминот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Коските измолени, места јаглен сторени, Кој ќе го крепни кафезот, кој птицата молкната, Кој ќе ни ја ублажи и стиши болката Кој ќе ги крене крилата преморени?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302
Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сртовите да не нѐ изневерат
оти предолго пешачиме по нив
не за да им ја ублажиме стрмнината
но очите за да си ги тревожиме
со штотуку окутрени глетки
оние кои не го испуштаат првиот плач
на човек кој ќе блуди
оттогаш па натаму!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Лошите искуства можат да се ублажат со лесен седатив. При интравенозна употреба не користете заеднички игли поради ризик од сида. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Видливо беше дека таа сакаше да ја ублажи горчината врз која падна молк и по некоја пцовка заедно со нечиста плунка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)