улови св.

улови (св.)

Старецот го притера својот чун сосема со нивниот, се наведе и ги виде рибите што даваа последни знаци живот на дното од чунот. – Бре, бре што риба сте уловиле ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неочекувано една рефлекторска нишка го улови твоето око, ја предаде твојата зеница, и јас го видов оној сјај што дотогаш ми се чинеше поинаков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еден вид пајаци се спаруваат со муви уловени во нивните мрежи: не дочекувале пород и ги шмукале крилестите невести: потоа се повлекувале во пукнатина на карпа за да загинат од отровот на своите пајачици по нивното оплодување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Којзнае дали ќе ме разберете и којзнае како ќе ме разберете ако ви кажам дека секое отворање на цртанката е танц на распалавени погледи и свечен отпоздрав на сончевата светлина, како што впрочем и секое влегување во океанот е нов чекор во вечноста чиишто сенки старите рибари се мачат да ги уловат во мрежите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чинам се најдов во оперативна соба, пак мојот омиленик доктор, хранејќи се од задоволство и љубов, ме допре со аморната справа ме удри ме уби, ме улови...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Црномурниот заровите ги фрли Облакот се повлече од челото, се стопи И затечен помисли: љубовта кога ќе те опие зарот не смее да е врл, и се пофали: „Можев да ја уловам пастрмката, за прекрасна вечер на ѕвездениот чардак!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај некои тоа разбудуваше и некаков стравопочит, но Змејко не можеше да биде уловен на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но неговите мисли беа силно разбранети, готови да одлетаат од душата, да ја минат границата на тишината, да завршат во зборовите кои како да требеше да бидат уловени во мрежите за пеперутки.
„Граница“ од Луан Старова
Холанд ги симулира процесите на прилагодување на економските и на биолошките системи и првите резултати ги собира нумерички: „Јас можам да направам карикатура на некој процес и да добијам модел што е скоро сигурно премногу едноставен но кој сепак зафаќа некои особини на ист начин на кој една политичка карикатура успева да улови дел од вистината.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, таа мрежа, ткаенина совршена е само слика на светот божји; та нели и Бог ја создал небесата налик на мрежа, и нели ѕвездите на небото мали јазли од таа мрежа се, мрежа во која сме уловени со нашите судбини неизбежни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека одев кон своето место, го уловив погледот на Луција: таа насетуваше некаква крупна промена кај мене, оти никогаш порано јас немав задоцнето, ниту пак разговарав со таков циничен, препотентен тон со некој наставник; ме гледаше од ниско, и јас знаев дека меѓу нас е готово, дека мојот циркус е посилен од нејзината Партија; од друга страна, покрај неиздржливата болка дека ја губам, дека поминувам во еден друг свет, дека се реинкарнирам уште при живот, чувствував една неподнослива леснотија на постоењето, една слобода која ме опиваше: јас го имав, наспроти овој дисциплиниран клас, мојот циркус, и мојата Ина, со која за една ноќ бев полбизок одошто со Луција за четири години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Поделен манастир не може да биде... - рече игуменот. - Тоа е како кога ја делеле птицата двајцата луѓе што ја уловиле: секој сакал да добие половина од неа и пак да му пее птицата... А може ли поделена птица да пее?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Изутрината го најдовме како се прпелка крвав и избезумен, уловен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе