урнат (прид.)

А и Свети Аранѓел уште гледа кон реката. Си стои на ѕидот од урнатото црквиче и си одбира луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го виделе урнат и ранет, го дотепале со камења.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И затоа продолжи неговиот рефрен во Римскиот сенат со уште поголема жестина Картагина сепак мора да биде урната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И околу урнатите споменици на Сталин се бркаме и го исправаме минатото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стои само црквата со урната камбанарија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ама дедо Геро, бидејќи зајрето го имале урнато в село, немал ни леб доволно а камо ли маст за да им направи топеница.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И без збор се завртел и сепак знаел дека Онисифор Мечкојад се оддалечува и се качува по камењарот над урнатиот манастир, оди кон никаде ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Триесет години минаа. Куќата во која ми се открија тие фантазии е урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Куќата набрзо беше урната, мачката отруена, синот исфрлен од училиштето, жената во лудница, а филологот во затвор поради инцест.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Половината од „Халите“ се веќе урнати и се преселени во други слични многу помодерни постојки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ остана вон овој задимен простор, густо наситен со миризби и звуци... Сѐ - освен заборавот. И урнатите стеги на желбите и страстите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие испратиле неколку покани до граѓанството залепени на вратите на црквите и училиштата, со кои агитирале дека, наместо да се расипуваат народни пари за камбанарија, да се реновираат урнатите и стари училишта, а парите за црквата во Цариград да се потрошат за просветни цели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некој рече дека ја видел таа сенка на ѕвер или на арамија: бегала кон нагорнината на ридот зад урнатиот манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пресекна водата по урнатите греди по долот камењето лута во глув губиден.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Постара жена рече дека куќата е урната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа великомаченикот Свети Димитрија се одмаздува за старата урната црква!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе