уста (м.)

Тој зеде в раце оружја огнодишни, а в уста стегајки остар јатаган.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се исправа, се наведнува и долго ја држи својата уста врз устата на Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Истата насмевка како и тогаш, и сега играше на неговата долна уста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не можев да видам од моето место како потоа ја загризува сливата и како му се освежува сувата уста и киселавоста му се шири по жилите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Устата ѝ беше сосема сува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги составив како инка дланките околу уста и гласно им викнав: Попусто во чуда верувате.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Цели бозје креваа биковите на рогови. И потоа се затрчуваа и се удираа со челата, како да кршат камења. Насобраните луѓе само подзинуваа со устите, подзамижуваа со очите. 41
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата сега шлапкаат со устите, лижејќи ги бонбончињата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сранко вриеше од нервоза и му доаѓаше да му ја учука, но Жанко беше габаритен па сѐ се заврши само со рафален дожд од Серовската уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На умрениот му требало шамиче за да му се избрише крвцата од устите, другарката Оливера Срезоска со солзи го подава своето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Трифун и Сотирчо малку се изненадени, запират пред нив и туку мласкат со устите без да пуштат глас, додека една од девојките, помалечката, не им се врекне Што не си одите кај татко ви и мајка ви? Или се загубивте?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Неписмени курајбери се напикаа по канцеларии и цицаат од државна цицка, а ние останавме со прстот у уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неизбричен, начичкан со сиви, остри игли, тој гледа само со белките на очите во моите боси нозе и безгласно ја отвора големата уста. Небаре е нем.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
МИТРЕ: Вистина, така е од ноќ кому му зинува уста да јаде ама адет е, останало да се стави софра.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Збориш? Зборам. Со што? Го прашаа со здив кој гори, Тогаш некој тајно проговори: „Зар не гледате, устите му се затворени, Но душата отворена, со душата говори.“
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Коле пред мене гризе нешто. Но знам, сливи со тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А логотетот тогаш заповеда да се донесат тринаесет книги и тринаесет калеми, за да се озакони и на писмо волјата Божја што проговори низ устата на Стефан Лествичник и низ устите на сите нас, дванаесет на број и логотетот, тринаесетти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И угодно ѝ беше тврдењето такво на власта, оти устите на ласкавците милозвучни, а ушите на власта милочујни се секогаш, но нишан никаков за тоа дека тоа е точно немаше, ами напротив: сѐ послаби во умот стануваа поколенијата царски, сѐ послабоумни наследници се раѓаа и родот се расипуваше, од колено во колено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)