учествување (ср.)
Токму таа загуба на идентитетот на уметничките стратегии им допушта еден специфичен рез во телото и една специфична структура која сака што повеќе да се оддалечи од традиционалната физикалност на телесните ограничувања, како што се просторот и времето, која сака да се оддалечи од причинската или непричинската логика на прикажување и наместо тоа да обликува некоја нова структура: структура во која ќе биде можно учествување на далечина, која ќе биде од информатички материјал и умножена на безброј нивоа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но јас знаев дека учествувањето во веселоста не разболува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Без таа фундаментална вера во круцијалното значење на тие разлики засновани врз идентитетот, општествените движења не би биле во состојба да ги мотивираат поединците и да го поддржат нивното учествување и жртва.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)