фараонски (прид.)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Борбата, секако, е условена со историските околности, но тоа не е никакво оправдување за потсвесното блокирање на свеста и за претпоставување на фараонската историја пред демократската форма на општество.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Некаде наблизу треба да се вишнее вашингтонскиот обелиск, највисоката градба на американската метропола, симболот на моќта донесен и тука оддалеку, преку помпезниот дух на урбанистичките замисли на Л’Анфан, францускиот архитект и американски револуционер од 18 век, и на градителот на вашингтонскиот обелиск Роберт Милс што го подигнал во втората половина на 19 век – таа извишена тежишна точка на семоќта, пренесена од духот на најдревните градби на денес мртвите градови од фараонски Египет во Африка, преку Париз на ампирот, наполеонската грандиозност и помпезните аксиометриски поставени зданија до кои водат широките булевари.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Под покривите како да лежеа фараонски гробници во некој свет на мистерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Така би од фараонските, до овие клети времиња.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)