фатализам (м.)
Источниот фатализам, колку да беше минало многу време од падот на Отоманската Империја, кога беше во прашање власта, не можеше лесно да се искорени.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кај неа, сепак, преовладуваше источната варијанта на фатализмот во однос на жената, таа да си биде осудена да се жртвува за семејството, а мажот да биде неприкосновениот столб. Главата на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Космополитизам или не, уште помалку фатализам или не, и Зигмунд Фројд не бил начисто дали еден ден човештвото ќе се ослободи од религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Исправноста е несвесност. Фатализмот не беше доволен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше во него некаква атавистичка сила која го влечеше напред, често кон непредвидливото, можеби во пресилно верување во источниот фатализам, можеби...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидуваше, па дури и во потсвеста, да бара аргументи со кои ќе ја релативизира и оваа одлука, препуштајќи ѝ се на судбината, како на краен фатализам.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имаше моќ да го спитомува фатализмот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)