финансирање (ср.)
Неретко муслимани учествувале и во финансирање на христијански храмови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Значи, од следната 2005 година платите на вработените во Радио „Велес“ почнаа перманентно и редовно да доцнат – бидејќи секнаа неговите законски извори на финансирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Потоа се заглавивме во процедурални објаснувања: одолговлекување на молбите за финансирање фестивалска компетиција и нивното префрлање од едно до друго министерство, кое се грижеше младите уметници да не се навикнат на пари, па како превентивна мерка - не им ги даваше.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Па така, според овој Закон, казнено- поправните и воспитно- поправните установи имаат својство на правно лице, а нивното финансирање, како единки корисници, се обезбедува преку буџетскиот корисник – Управа за извршување на санкциите (чл. 18, ст.2 од ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)