фишек м.

фишек (м.)

Исто така разбравме дека делува смирувачки ако во семкарницата на нашето старо место купиме по еден фишек време и по еден џепен прирачник за безболно продолжување на самозалажувањето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беа тоа едни големи фишеци, полни со црн барут и со една затка мечкин лој меѓу барутот и зрното, направено од чисто олово.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој ги одвитка чергите и однатре се истурија бомби и фишеци за пушки.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Беше задоволен што ја имаше понесено својата пушка и доста фишеци во пазуварката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да не заборавам. Секогаш и тоа задолжително мора да се проверува, случајно или од невнимание, да не остани во лежиштето фишек.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шишането е турска пушка со кремен, берданката е со англиско потекло, има еден фишек и мартинката е исто така со фишек, но од француско потекло.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во меѓувреме тој секој ден од продавницата купуваше по една конзерва кога месна, кога рибна, а понекогаш по две паштети зашто во продавницата имаше само од помалите, а исто така, на неколку дена купуваше по еден фишек хартија полн со стотина грама шеќер со коишто го прихрануваше смокот населен во меѓувреме во скребите од фурната крај неговата куќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го носел и својот маузер, за него многу прикажуваа во селото, Змејко знаеше само за фишеците од таа пушка, што ги наоѓаше по мутлите од старата куќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До самиот врв прескокнавме осум редови, сега, плитки ровови обраснати со висока трева, и на тој простор се гледаат повеќе `рѓосани куршуми и празни фишеци отколку дробен камен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, најлошото не било да сретнеш туѓи прсти во твојот фишек за семки, туку ако го промашиш семкарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја стегна под мишка, штркна со затворачот втерувајќи фишек во цевката спокојно рече: - Ќе бројам до три!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Замислете си: одите на театар, застанувате покрај некој семкар и барате да ви даде фишек со семки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ова е јазиче или чкрапец. Кога ќе го повлечеш, тогаш иглата удира по капсулот од фишекот и, ако добро нишаниш, ѓавол ќе го земе тој во кого нишаниш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој ви го подава фишекот и си молчи, барате да ви даде уште еден, тој ви го подава и вториот и повторно молчи, барате да ви даде и трет, тој ви го подава третиот и тогаш ја отвора устата и проговорува: „Немојте да одите на театар, претставата е катастрофа!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе