флуид (м.)
Ливадата на ова сосем голо теме од моето присуство облик ќе си земе достатен за сите чудесни каприци што висат со набој на две овчји цицки во оваа прва архетипска штама прецизно се слушам како блеам сама се одбивам и пуштам во чисто звучни пруги моето ткиво да пропадне во флуид ливадата ин виво бесконечно ја рудам ме нема, ме нема не знам како пеам и зошто се трудам Знам, моја силуета но друга овца шета со оваа шепа.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Се препелкаше чудна светлина и некој топол флуид кружеше низ зачадените ѕидини.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
4. Меѓусвет: габи
Нивните форми ни сраснуваат за погледот
и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот:
чадорчиња затворени со сласна слузокожа
во бела мека лека обвивка
памучни жизнерадосни белутраци
млечни фереџиња
повлечени, со тек на време
како лажни ветувања
демодирани манири
на постоење;
дволики појави, многуглави ламји
- сенките предвреме да се насетуваат
со флуид на влекачи и глодари
за да биде кошмарна прошетката
да има наезда на невестулки
да има сѐ на претек:
царски ѓубрарки, сончарки
или „кукмарки“ (име за сѐ!)
галапки, пупавки, млечки, рујни рујници
јајчарки со боја на манго
на папаја, јапонско лале или јаболко
летни вргањи распукани како петици
како суводолица
збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тие побудуваа особени асоцијации, болни и безбојни, што го ослободуваа од телото и тој се креваше невидлив како флуид, се лулаше на пајажините и го сеќаваше грубото допирање на таванот и рапавата кора на палмата, вклештена во прозорецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На крајот, флуидот супер его, ќе биде толку истрошен, бескрупулозно исцеден, испиен, изеден и на сите можни начини столчен.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како што често пареата во зимскиот воз допира само до првиот вагон, така и оној волев флуид на нашиот предводник го опфаќа само првиот скаут зад него, Грнецот, кој има навик да ја ниша во одот целата горна половина на телото како да колва зрна со долгиот шилест нос.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Имаше нешто меѓу нас, во тоа сум убеден; имаше сигурно нешто, макар само и флуид, макар и само почеток на љубов, оти зошто таа стоеше токму до мене, додека разговарав со другарот?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Уметноста го има тој излез и болно би било да не се искористи, да не се откопаат некакви флуиди од потсвеста.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)