фолклорен прид.

фолклорен (прид.)

Другата страна пак, српската, своето чудовиште го креира од елементите на хистеричното православие, мешајќи ги православните икони со опинците, фолклорниот лелек со четничките ками и брадестите убијци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Покрај споменатата група за божјаците, среќаваме раскази од фолклорен карактер, раскази со поткренат тон во духот на „магискиот реализам“, класични раскази базирани врз некоја случка или лик, кои по правило имаат изведено значење, алегории и параболи од разни видови (кошмарни, поетски) и со различни содржини, анегдоти и др.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Земи тројца кафански сеирџии, ете ти Голем брат, фолклорен.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа јазикот што Чинго го изнаоѓа меѓу луѓето за кои говори не е оној фолклорен јазик што ќе го најдеме во старите зборници на народни приказни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѝ реков дека џезот веќе е сосема испразнет од фолк-содржините на црната раса, од неговата изворна фолклорна содржина, дека е останата само неговата рамка, неговата универзална музичка форма, која сега треба да се полни со нашиот фолклор; и не само со нашиот, туку и со секој фолклор во светот, оти не е само нашиот фолклор богат, туку има такви уште неброени и незнајни богатства на планетава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чинго бил во допир со еден нов говор создаван врз традициите на селото, врз мудроста на фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат говори на одделните занаети, говори на новата политичка ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на повратниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа следеше серијата бежови или светло белокафени блузи од дива свила со пантолони кои на рабовите имаа преработени фолклорни мотиви од македонската традиција на народни носии.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Со оглед на високото научно реноме и наобразбата што ја имаше Климент Камилски, му беа дадени работи, како на пример во Фолклорниот институт, колку да не остане на улица и без леб.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Собрани се и објавени илјадници народни песни и приказни, дваесетина илјади поговорки, гатанки и други кратки фолклорни жанрови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кај Михаил Ларионив постоеше наклонетост кон детската уметност, но само како еден дел од неговиот поширок интерес за природни, примитивни, често вродени извори на инспирација, вид­ливи кај руската фолклорна уметност, сликарите аматери или таканаречени „лубок” цртежи (популарен вид на анонимни, најчесто посветени на нешто, насликани блокови од дрво).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко знаеше дека тие, со својата фолклорна парада низ Италија, требаше да бидат првите жртвувани јарци, заедно со свои­те напудрени козички.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие свилени фолклорни облеки, со апликации и шари рачно изработени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Фолклорниот карактер е најдобро сочуван во расказот Ноќта спроти Свети Никола, за кој веќе стана збор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)